За Нас
Аква флуент ДООЕЛ е компанија која се занимава со технички консалтинг, со седиште во Скопје. Компанијата нуди консултантски услуги во сите развојни фази на проектите од техничка природа, почнувајќи од фазата на планирање па се до нивната имплементација и нивно затворање.
Нашите активности се фокусирани на проекти од областа на животната средина, технички инсталации во згради и технички решенија за индустрија.
Компанијата поседува Б Лиценци за проектирање на градби и надзор на изградбата на градби од втора категорија, издадени од Министерството за транспорт и врски на Република Македонија.
Наши клиенти се домашни и меѓународни консултантски и градежни компании, архитектонски бироа, меѓународни финансиски институции, јавни институции и приватни инвеститори.