Web Cov 3

Технички преглед на постоечките системи за собирање и третман на отпадни води во Северна Македонија и подготовка на потребната документација за набавка на опрема за општините Радовиш, Кичево, Струмица, Прилеп, Берово, Куманово, Битола и Тетово. Проект финансиран од Делегацијата на Европската Унија. Од мај 2024 – во тек. Анализа на урбани системи за собирање и третман на отпадни води кои добиле финансирање од ИПА, со цел да се даде оценка на ефикасноста и ефективноста на работењето и усогласеност со барањата на директивите на ЕУ, како и нивната финансиска одржливост. Подготовка на Извештаи за Технички преглед, Енергетски преглед, планови за приоритетни инвестиции и подготовка на технички спецификации за опремата. Инвестициска проценка: 4 милиони евра.


Техничка помош за подготовка на Тендерска документација проектот за отпадни води во Тетово, Република Северна Македонија. Проектот е финансиран од Делегацијата на Европската Унија. Од јануари 2023 – декември 2023. Проектот вклучува преглед и ажурирање на тендерската документација за проектот за отпадни води во Тетово, кој опфаќа инвестиции во пречистителна станица за отпадни води (WWTP 90,000 ЕЖ) и систем за собирање отпадни води со проценета вредност на работите од 40 милиони евра.


Преглед и ажурирање на подготвителни студии за инвестиции во инфраструктура за отпадни води во Штип и Велес, Северна Македонија, Проект финансиран од ЕУД. Од септември 2021 година – септември 2024 година. Опсегот на проектот вклучува преглед и ажурирање на постојната техничка документација (Физибилити студии, Студии за ОВЖС, Основни Проекти за канализација и Тендерски досиеја).

Проектот во Штип е составен од изградба на нова ПСОВ со капацитет од 50,000 ЕЖ, рехабилитација и доградба на 33 km канализациона мрежа како и 4 пумпни станици.

Проектот во Велес е составен од изградба на нова ПСОВ со капацитет од 50,000 ЕЖ, рехабилитација и доградба на 55 km канализациона мрежа како и 12 пумпни станици.

Проценета вредност на работите за двата проекти е преку 60 милиони евра


Основен проект за реконструкција на системот за генерирање озон како дел од филтерската станица во Струмица. Проектот е финансиран од ЈКП Комуналец од Струмица. Од 2021 година. Инвестициска проценка: 250.000 €.


Идеен и Основен проект за фази машинство и електрика за пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) во Кочани (50.000 ЕЖ). Клиенти се УВЕ и ДИПКО од Македонија. Трошоци за изградба: 15 милиони швајцарски франци. Период: 2017 – 2018 година.


Идеен и Основен проект за фази машинство и електрика за пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) во Струмица (45.000 ЕЖ). Клиенти се УВЕ и ХЕИ од Македонија. Трошоци за изградба: 8 милиони евра. Година: 2016.


Идеен и Основен проект за фази машинство и електрика за пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) во Кичево (32.000 ЕЖ). Клиенти се УВЕ и ХЕИ од Македонија. Трошоци за изградба: 7 милиони евра. Година: 2016.


Идеен и Основен проект за фази машинство и електрика за пречистителната станица за отпадни води (ПСОВ) во Радовиш (25.000 ЕЖ). Клиенти се УВЕ и ХЕИ од Македонија. Трошоци за изградба: 5 милиони евра. Година: 2016.


Надзор на изведба на рехабилитација и проширување на канализационата мрежа во општините Берово и Куманово. Проектот е финансиран од Европската Унија. Клиент е ЦФЦД, Македонија. Вредност на работите: 8,1 милиони евра. Година: 2016 – 2018.

Основен проект за пренапонска заштита на ИКТ опрема на повеќе од 170 точки и 28 различни локации. Клиент е Јавното акционерско друштво Македонски електрани ЕЛЕМ. Трошоци за изградба: 350.000 евра. Година: 2017.


Подготовка на Идеен проект со опцииона анализа за третман на индустриски отпадни води и основен проект за собирање и третман на индустриски отпадни води во РЕК Битола. Проектот е финансиран од ЕЛЕМ, Македонија. Опфатот на проектот вклучува анализа на постоечката ситуација во РЕК Битола во однос на собирањето на санитарните, индустриските и атмосферските текови на отпадни води и нивното третирање, анализа на различни опции и подготовка на основни проекти за собирање на сите типови отпадни води генерирани во комплексот и нивно одделно третирање. Основен проект за 4 пречистителни станици за отпадни води. Основен проект за регулирање на одводните канали околу објектот. Вредност на работите: 6 милиони евра. Година: 2018 – 2020.


Основен проект за пред третман на отпадни води за аеродромот Александар Велики во Скопје.  Основен проект за груба решетка и влезна пумпна станица. Проектот е финансиран од ТАВ. Инвестициска вредност: 150.000 евра. Година: 2015.


Основен проект за пречистителната станица за отпадни води за индустриски отпадни води од фабрика за леење алуминиум. Проектот е финансиран од SMR Automotive Systems. Инвестициска вредност: 300.000 евра. Година: 2012.


Физибилити студија и Идеен проект за фотоволтаични (ФВ) централи за пречистителните станици за отпадни води во Штип и Велес. Двете ФВ централи имаат капацитет од 1 MW. Проектот е финансиран од Делегацијата на Европската Унија. Проценетата вредност на работите е околу 2 милиони евра.

Испорака на обуки и обезбедување техничка помош на училишните тимови при одржување на училиштата реновирани во склоп на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието. Активностите на компанијата се одвиваа во периодот помеѓу 2013 – 2017 година.

Компанијата ги обезбеди следниве консултантски услуги: