Технички анализи и други специјални извештаи
Изработуваме различни технички анализи и извештаи во зависност од барања на клиентите, вклучително и проценки на трошоци во разни фази на проектите, проценка на старост и функционалност на опрема и инсталации и потреби за реконструкции, анализа на ефикасност на системи, проценки на усогласеност со регулатива и стандарди, анализи при избор на опрема и изведувач, техничка контрола на проектна документација, и технички понуди, техничка документација при побарувања на изведувач за време на изградбата. Изработуваме Енергетски прегледи на индустриски постројки со препораки за подигање на енергетската ефикасност како и анализа на исплатливост на мерките.
Изработка на техничка и тендерска документација
Поседуваме долгогодишно искуство во изработка на проектна документација придржувајќи се и на домашните и на меѓународните стандарди. Нашата експертиза опфаќа архитектонско, конструктивно, електро и машинско инженерство за инфраструктурни проекти и о високоградба на сите нивоа на разработка. Неодамна, ги надградивме нашите можности со подготовка на техничка документација во REVIT софтверскиот пакет. Исто така нашите референци вклучуваат подготовка на задачи, технички спецификации, проценки на трошоците и комплетни тендерски документи, во согласност со домашните и меѓународните правила за набавки и условите на договорот, вклучително и FIDIC. Нудиме услуги за подготовка на делови или комплетна тендерска документација за избор и ангажирање на изведувачи за работи, набавки и услуги.
Изработка на студии
Подготовка на Физибилити студии за инфраструктурни проекти за собирање и третман на комунални отпадни води, како и за изградба на фотоволтаични централи, во согласност со стандардите на ЕУ. Нашите услуги, во соработка со надворешни партнери и компании, ги опфаќаат сите компоненти на физибилити студиите, вклучително и анализа на трошоците за придобивки, планови за финансирање и приортизација на инвестициите. Дополнително, имаме значително искуство во изработка на студии за оцена на влијанието врз животната средина за инфраструктурни проекти.
Надзор над изградбата
Аквафлуент има искуство во надзор над изградбата, на проекти од областа на инфраструктурата и технички инсталации во згради, во согласност со домашната регулатива и FIDIC условите за договарање. Нашите експерти поседуваат потврдено искуство и референци од проекти финансирани од меѓународни финансиски институции, во земјата и регионот. Нашите услуги вклучуваат класичен надзор над изградбата согласно законската регулатива, контрола на квалитет над изведбата, финансиска контрола на проектите, менаџирање со измени и корекции во проектите.
Планирање на проекти
Поседуваме искуство во планирање и буџетирање на инфраструктурни проекти во областа на заштита на животна средина и енергетска ефикасност. Нашите услуги покриваат идентификација, анализа и приоритизација на инфраструктурни проекти, планирање и распределба на ресурси и проценка на ризик.
Ги поддржуваме консултантите и изведувачите во буџетирањето, подготовката и имплементацијата на проектите, како техничка евалуација на предлозите и поддршка на инвеститорите за време на тендерската фаза.
Обуки и тренинзи
Нашите експерти поседуваат искуство во организирање, подготовка и одржување на обуки за техничкиот персонал на тема употреба и одржување на објектите и техничките системи, подготовка на акциони планови за редовно и превентивно одржување. Имаме искуство во изработка на упатства, процедури и прирачници за употреба и одржување на техничките системи кај пречистителните станици и кај училишните објекти во целина. Дополнително нашите експерти поседуваат искуство во подготовка и одржување на обуки за персоналот во јавна администрација во земјите од регионот, на тема менаџирање на комунални инфраструктурни проекти, во рамките на пошироки проекти.